Потребна конфигурација
Инсталирањето Мандрак Линукс е, најчесто, едноставно. Го ставате инсталациското CD во CDROM-от и го рестартирате компјутерот. Видете ја точка 1.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ова е листа на различните начини на инсталирање Мандрак Линукс:
Инсталациското ЦД е "bootable". Најчесто, доволно е само да го внесете ЦДто во ЦДРОМ-от и да го рестартирате компјутерот. Следете ги инструкциите од екранот: притиснете го копчете [Enter] за да започнете со инсталација, или копчето [F1] за дополнителни информации.
ЗАБЕЛЕШКА:
Некои компјутери не подигаат од ЦД. Во таков случај, треба да направите boot-дискета. Видете ја точката 3.
Ако Вашиот компјутер не бутира директно од CDROM, мора да направите boot-дискета, што под Windows се прави на следниот начин:
За да започнете со инсталацијата:
Ако претходните методи не Ви одговараат (на пример, сакате да инсталирате од мрежа, или од pcmcia уред, или ...), ќе мора да создадете boot-дискета:
Ова е листата на бут-имиџи (boot images):
cdrom.img | инсталација од CD-ROM |
hd.img | инсталација од хард диск (од Linux, Windows, или ReiserFS фајлсистем) |
network.img | инсталација од ftp/nfs/http |
other.img | инсталација со ретко-користени драјвери кои не ги собира на претходните дискети. |
pcmcia.img | инсталација од pcmcia уреди (Забелешка: повеќето pcmcia мрежни адаптери сега се директно поддржани со network.img) |
usb.img | инсталација од USB уреди: USB мрежни адаптери за мрежна инсталација, или USB CDROM/CDRW уреди за cdrom инсталација |
blank.img | инсталација со Ваш сопствен линукс кернел |
blank.img е минимален имиџ за инсталација со Ваш сопствен линукс кернел.
Исто така, можете да инсталирате во текстуален режим ако, од некоја причина, имате проблем со нормалната графичка инсталација. За да го користите, притиснете на [F1] во поздравниот екран на Mandrakelinux, и потоа во промптот напишете text
Ако треба да го спасувате (rescue) Вашиот постоечки Мандрак систем, внесете го инсталацискиот CDROM (или релевантната дискета), притиснете на [F1] во поздравниот екран на Mandrakelinux, и потоа во промптот напишете rescue
За повеќе технички информации видете го http://www.linux-mandrake.com/drakx/README.
Важна белешка:
Најавувањето како "root" ќе Ви овозможи неограничен пристап на Вашиот Линукс систем. Немојте да го користите за друго освен за конфигурација и администрација. За секојдневна работа, користете нормален кориснички акаунт, кој можете да го конфигурирате со помош на алатката "userdrake", или со командите "adduser" и "passwd".
За инсталациска поддршка видете ја Мандрак Линукс diffusion листата и FAQ-овите (најчесто поставувани прашања) на веб сајтот: